Фуркад стигна до третиот златен медал во Пјонгчанг и се запиша во историјата!

Француската мешана штафета освои златен медал во бијатлон на два по шест и два по седум ипол километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг додека Мартин Фуркад влезе во историјата на својата земја како освојувач на најмногу златни медали на Олимписките игри (ОИ).

Франција победи со вкупно време од 1:08:34,3, а златен медал на Франција освен феноменалниот Фуркад и донесоа и Абер, Бескон и Дестие.

Второ место освои Норвешка, во состав на Ослбу, Екхоф, Тингнес Би, Свендсен додека со бронзата се закитија Италијанците, Виточи, Вирер, Хофер и Виндиш.

Најважен резултат постигна бијатлонецот Фуркад, кој стигна до својот петти златен медал на ЗОИ, односно трет само во Пјонгчанг. Токму неговото време ѝ донесе победа на Франција зашто во финалето со одлично скијање и пукање ја неутрализира предноста на Германецот Фајфер додека зад себе ги остави Норвежаните дури 20,9 секунди.