Дуплантис лесно го освои златниот медал, но рекордот му избега за милиметри!

Швеѓанецот Арманд Дуплантис, светскиот рекортер во скок со стап, ја оправда улогата на фаворит и го освои златниот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, а за тоа му беше доволен скокот од 6,02 метри а до него стигна само во пет скокови.

Потоа следеше борбата на Швеѓанецот со самиот себе. Тој сакаше да прескокне 6,19 метри за да го урне светскиот рекорд и делуваше дека ќе го надмине, но за неколку милиметри не му успеа обидот.

Вториот пат имаше лош злает и сред скокот се откажат, а третиот пат повторно не успеа во намерата да го урне рекордот од 6,18 метри.

Сребрениот медал го освои Крис Нилсен од САД, кој од првиот обид скокна 5,97 метри.