Драма на Олимписките игри: Хрватска тинејџерка се онесвестила на допинг-контрола!

Хрватската 16-годишна тинејџерка, Пија Вучиниќ поминала низ вистинска драма на Олимписките игри во Италија.

Вучиниќ не успеа да ја заврши првата слаломска трка откако закачи една врата и падна на патеката. Од хрватскиот тим по трката ги открија и причините за нејзиниот слаб настап.

Како што изјави директорот на репрезентацијата на Хрватска, Ведран Павлек, младата скијачка во трката влегла по исклучително напорен ден, во кој дури и колабирала.

„Вчера Пија имаше допинг-контрола на која ѝ земаа крв, по што таа се онесвести. Поради тоа го пропушти и последниот тренинг пред трката и не беше во најдобра форма денеска“, изјави Павлек.

Златниот медал во слалом го освои легендарната Американка Микаела Шифрин, среброто ѝ припадна на Камил Раст, а бронзата ја освои Ана Свен Ларсон. Ќе потсетиме, како и хрватската преставничка и македонската Јана Атанасовска денеска не успеа да ја заврши првата трка.