Црвено-црното семејство доби нов член: Се формира рагби клуб Вардар!
Целта на новиот рагби клуб Вардар е промоција на овој спорт во Македонија, но и да развие конкурентен национален тим. Со цел да го зголеми интересот и да привлече што поголем број заинтересирани, новоформираниот рагби клуб Вардар ќе биде домаќин на заеднички тренинг со националниот рагби тим на Србија. Тој ќе се одржи задутре (11 мај) на теренот на ФК Работнички, веднаш до националната арена „Тоше Проески“.
„Среќни сме што ќе бидеме домаќини на националниот тим на рагби Србија на овој заеднички тренинг настан. Ова е одлична можност за љубителите на рагбито во Македонија коа се во се поголем број да бидат сведоци на еден заеднички тренинг помеѓу двете земји и да се споделат искуства”, изјави Дамјан Георгиевски, претседател на рагби клубот Вардар
Заедничкиот тренинг настан ќе биде од отворен карактер, а сите љубители на спортот ќе може да учествуваат на овој собир, без разлика на нивното познавање на рагбито или на моменталната физичка спремност.