Чешка беше немоќна во полуфиналето, Русија ќе се бори за златен медал!

Хокеарската репрезентација на Олимпијците од Русија ја победи Чешка во полуфиналето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг со 3-0.

Руските и чешките хокеари одиграа без голови во првата третина. И покрај големиот број на удари, голманите на двете селекции беа сигурни.

Никита Гусев во осмата минута на вториот период погоди за водство на Русија, а ова беше негов втор гол на Олимписките игри. Веднаш потоа Гаврилов погоди за 2-0, а рускиот голман беше брилијантен во тој период и одбрани дури 15 удари од противничките хокеари.

Во последниот период Русите продолжија со својата добра игра, а третиот гол го постигнаа на 21 секунда пред крајот на мечот.