Австралиски џокеј остана без настап на ЛОИ зашто го фатиле дека се дрогирал со кокаин

Австралискиот џокеј Џејми Кермонд нема да си го оствари олимпискиот сон со настап на Игрите во Токио, откако доби суспензија на два дена пред официјалниот старт на игрите, кои денеска почнаа со софтбол и женскиот фудбалски турнир, откако го фатиле дека се дрогирал со кокаин.

Австралиската федерација за коњички спортови објавила дека привремено го суспендирала Кермонд откако на рутинскиот допинг-тест, што е задолжителен, во пресрет на ЛОИ, тој паднал на кокаин. Тестот му бил направен пред неполн месец, на 26 јуни, а го спровела австралиската агенција за заштита на спортскиот интегритет.

„Кокаинот е забрането средство според анти-допинг листата на ВАДА, ама и според австралискиот антидопинг правилник за 2021 година“, објави агенцијата на Австралија.

Поради привремената забрана до донесување на конечната суспензија, Кермонд нема да учествува во Токио, а тој требаше да настапи со својот коњ во прескок.