Вардар по втор пат сезонава го победи шампионот Џио Струмица

Одбојкарите на Вардар по втор пат сезонава го совладаа најголемиот ривал и актуелен шампион Џио Струмица со 3-2 по сетови 25-14,20-25,25-21,20-25,15-6.

Дербито ги оправда сите очекувања и се играше одлична одбојка, а тоа го покажува и резултатот. „Црвено-црните“ ја продолжија беспрекорната победничка серија, а интересно ова се првите два загубени сета сезонава. Струмичани го доживеаа вториот сезонски пораз, а двата дојдоа од Вардар.

Вардар е лидер на табелата со 29 бода, пред Џио Струмица со 24 и Универзитет во Тетово со 22 бода.