
Струмица шести пат по ред го освои одбојкарскиот Куп на Македонија!
Актуелниот шампион на Македонија беше доминантен во куп финалето против Борец, победувајќи со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18).
Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2. Кај Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.
Ова беше вкупно деветта куп титула за Струмица, а шеста по ред.