Струмица и Јанта Волеј добија тешки противници - најтрофејниот во Романија и трикратниот шампион на БиХ!

Maкедонските претставници во машка и женска конкуренција во ЦЕВ Лигата на шампоните, Струмица 47&72 и Јанта Волеј на денешната ждрепка во Луксембург ги добија своите противници.

Екипата на Струмица ќе се соочи со најтрофејниот клуб од Романија, Динамо Букурешт во рамките од првата рунда. Во првиот натпревар македонскиот претставник ќе биде домаќин и тој ќе се игра помеѓу 21 и 23 октомври, додека реваншот е закажан за од 28 до 30 октомври во Романија.

Ниту Јанта Волеј нема да има лесна задача затоа што ќе се соочи со Гацко, тим кој е трикратен шампион на БиХ во низа. Натпреварите се во истите термини како и во машка конкуренција, а на првиот дуел одбојкарките на македонскиот претставник ќе бидат домаќинии.