Работнички достоинствено го заврши својот настап во Челинџ купот
Нашиот тим одлучи двата меча да ги игра на гостински терен, вчера домаќинките славеа со 3-0, но Работнички денеска ја спаси честа и достоинствено се прости од европското натпреварување. Уште повеќе поради тоа што Рае водеше со 2-1 во сетови и имаше шанса да го затвори мечот во четвртиот.
Работнички се надмина себеси, го издржа притисокот, израмни на 1-1, а потоа тајбрејкот го доби со 15-5 за исклучително важна победа за младиот тим.