Пауновиќ повика 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

Селекторот на женската одбојкарска репрезентација, Стефан Пауновиќ повика 20 одбојкарки за првиот собир во Струмица, каде што ќе почнат подготовките за настапот во Сребрената Европска лига.

На спискот се 20 одбојкарки, откако Пауновиќ се реши да ги повика интернационалките Ерјона Јонузи, Софија Ричлиева, Тамара Стојанова, Теа Терзиевска, Ана Фасулева и Добрина Хаџитошева, но во составот вклучи и одбојкарки од македонските тимови Работничк Скопје, Наковски Волеј, Јанта Волеј и Газели Волеј.

Македонија првиот предизвик го има летово во Сребрената Европска лига, каде што ќе биде домаќин во Струмица на првиот турнир закажан во период од 30 мај до 1 јуни.

Собирот на одбојкарките е закажан за 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија