Остана пуста желба за победа: Два сета рамни, третиот - распад систем!

Одбојкарската репрезентација на Македонија запиша пораз и во второто коло од Европското првенство кое се одржува во Словенија, Белгија, Холандија и во Франција. Овој пат не успеавме да освоиме ниту еден сет против поквалитетната Турција.

И на овој натрпевар, слично како вчера со Финска, Македонија беше солидна, дури и рамноправна во првите два сета. Турците не можеа да го покажат својот поширок репертоар на играчи и повисок квалитет, резултатот беше близок, но го добија првиот сет со 25-20. 

Во вториот Македонија беше уште поактивна, имаше и водство, но повторно се работеше за еден блесок и една нијанса која пресуди. Имавме 19-19, но Турците направија серија од три поени, а потоа го освоија со 25-23.

Третиот сет беше целосен распад во нашата игра, слика како не треба да се однесуваме на теренот, а резултатот доволно говори - 25-13. Сега селдува најтешката задача за Македонија во групата во Љубљана, играме против Русија од 17 часот.