Македонските одбојкари го добија пријателскиот дуел против Албанија

Македонската одбојкарска репрезентација славеше во пријателскиот меч со Албанија со 3-1 во сетови, односно 19-25, 25-18, 25-17 и 25-20.

Албанските одбојкари отворија на одличен начин и го добија сетот со 25-19, но потоа следеше голем пресврт на Македонија и победа од 3-1.

Вториот контролен натпревар против Албанија се игра на 19 мај.