Македонската одбојкарска репрезентација го запиша првиот триумф во Златната лига оваа сезона, откако денеска во второто коло славеше со 3-1 (25-21, 25-23, 17-25 и 25-21) во сетови против Белгија.

Нашите одбојкари го преземаа водството уште на стартот на првиот сет и во еден момент тоа изнесуваше четири разлика (20-16), но потоа Белгија влезе во серија и израмни на 21-21. Сепак, македонските репрезентативци со четири поени по ред го освоија сетот со 25-21.

Белгија водеше во вториот сет до 20-19, по што Македонија прави пресврт (21-20), а во неизвесна завршница го доби сетот со 25-23 и поведе со 2-0.

Македонските одбојкари не можеа да им парираат на противниците, кои се разиграа во третиот сет и на крајот го добија со убедливи осум поени разлика (25-17).

Неизвесна почеток ни понуди и четвртиот сет (6-6), по што Македонија ги презема работите во свои раце и славеше со 25-21.

Ова е прва победа за Македонија во златната лига, откако во првото коло загуби од Украина со 0-3 во сетови, односно 21-25, 22-25 и 11-25.