Македонија домаќин на квалификациски турнир за одбојкарското Евро 2021

Македонија ќе биде домаќин на одбојкарскиот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во 2021 година, откако поради пандемијата со коронавирус, Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) го смени системот на квалификации.

Наместо првично предвидениот циклус секој со секого дома и на гости, сега во јануари ќе се играат два квалификациски турнири, а вториот е во Македонија од 14 до 17 јануари. Првиот, пак е од 7 до 10 јануари во Данска.

Македонија е во група со Данска, Турција и Босна и Херцеговина, а на ЕП пласман обезбедуваат сите првопласирани во групите, како и петте најдобри втори селекции во квалификациите.

Македонија лани дебитираше на одбојкарските континентални шампионати во Љубљана и запиша две победи од петте мечеви во групната фаза.