Љафтов: Третиот сет не е за коментирање, со Русија нема што да бараме!

Македонскиот одбојкар Александар Љафтов одигра добар меч против Турција, но македонската репрезентација загуби со 0-3 во сетови (20-25, 23-25 и 13-25).

Љафтов кажа дека во првите два сета играле рамноправно, но потоа во третиот сет следувал распад.

„Првите два сета ги одигравме рамноправно и се држевме до крајот. Во вториот сет имавме поголеми шанси, дури и да славиме, но не успеавме. Мечот против Русија ќе биде задоволство за нас, тоа ќе биде убав меч, но нема што да бараме резултат против нив, тоа е исто како да играте фудбал против Бразил“, порача Љафтов.