Љафтов: Против Турција со сите сили за прва победа на ЕП

Македонскиот одбојкар Александар Љафтов одигра солиден натпревар во поразот на „црвено - жолтите“ на дебитантскиот настап на ЕП. Нашите одбојкари загубија од Финска со 3-1 во сетови (23-25, 22-25, 25-23, 25-21).

Љафтов свесен дека направените грешки против Финције ја чинеа Македонија пораз, но затоа верува дека на наредниот против Турција (утре 17:30 часот) ќе успеат да дојдат до својата прва победа на големиот континентален собир.

Имавме многу грешки што не смеевме да ги направиме, особено што ева е Европско првенство и не простува ништо. Не барам алиби, ние самите сме криви и мислам дека дека ваквите натпревари мора да ги играме на едно повисоко ниво. Не треба да се разочаруваме, покажавме добра игра. По мечов ќе направиме анализа, да видиме каде најмногу грешевме, да се поправиме во наредниот меч. Игравме многу добро, но на крајот изгубивме. Се надевам дека на наредниот меч, ќе дојдеме до првата победа, па дури и полошо за око да одиграме, истакна Љафтов