Ѓорѓиев по триумфот против Азербејџан: Нема опуштање, може да ја запреме и Белгија!

Македонската одбојкарска репрезентација славеше против Азербејџан и тоа беше прва победа во Златната лига оваа година, а следен предизвик за репрезентативците ќе биде Белгија.

Капитенот Никола Ѓорѓиев кажа дека не треба да се опуштат по победата против Азербејџан и можат да постигнат уште подобар резултат на Златната лига.

„Одигравме искусно и без грешка. Одбраната беше одлична, приемот ни беше феноменален, па така јас сум задоволен од победата. Пред нас е нов предизвик, а тоа е Белгија. Најлошо ќе биде ако се задоволиме со победата против Азербејџан, според моите пресметки ќе завршиме на десетто место во Европската лига, а тоа е подобар пласман од минатата година. Белгија вчера се мачеше и не одигра на високо ниво. Освен коректорот и центарот кои се играчи од светска класа, мислам дека останатите се на наше ниво. Сè ќе зависи од нас, не велам дека ќе победиме, но мораме да се бориме“, кажа Ѓорѓиев.

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра денеска од 15.00 часот.