Деспотовски: Поради глупавите грешки сите тагуваме!

Македонската одбојкарска репрезентација не стартуваше онака како што посакуваше на Европското првенство, откако на својот дебитанстски настап претрпе пораз од селекцијата на Финска со 3-1 во сетови (23-25, 22-25, 25-23, 25-21).

„Црвено-жолтите“ момци имаа сили само за еден историски сет, но Финска сепак беше за нијанса подобар ривал во текот на дуелот.

Филип Деспотовски се надева дека во наредниот меч, утре против Турција оваа селекција ќе одигра далеку подобро и ќе дојде до победата. 

Тактички Финска не надигра денеска, иако не беше нешто многу подобра од нас. Таму каде што бевме најтенки, одигравме одлично - во средината на мрежа. Поради нашите глупави грешки загубивме. Тажно е. Следниот меч со Турција се надевам дека ќе одиграме многу подобро и ќе дојдеме до првата победа. Македонската јавност нека продолжи да навива за нас - нема да ве разочараме, изајви Деспотовски.