Бразил во шок: Полјаците го имаат најлудиот одбојкарски поен (ВИДЕО)

Бразил и Полска одиграа одличен меч на турнирот во Јапонија, а по голема драма Бразилците славеа со 3-2 во сетови, но еден од освоените поени на Полјаците навистина беше хит.

Вилфред Леон успеа да спаси една незгодна топка, која отиде зад рекламите, но Кубијак успеа да ги прескокне нив и некако да ја врати топката кај Бразилците, кои потоа згрешија при нападот.