Убиен бразилски ММА-борец по караница во ноќен клуб!

Бразилските медиуми пишуваат дека минатата ноќ бил убиен ММА-борецот, Мауро Шауле по караница која се случила во еден ноќен клуб.

Борецот нападнал еден припадник на воената полиција при што се обидел да му го одземе пиштолот и го повредил полицаецот.

„Марка“ пишува дека Шауле пукал и кон други полицајци при обидот да избега со неговиот „Мерцедес Бенз Ц250“, по што бил погоден во грбот.

Шауле почнал да бега со неговото возило, но притоа загубил контрола и удрил во „Фиат пунто“, по што докторите констатирале негова смрт.