Трагедија во Еквадор: Кикбоксер почина на лице место после нокаут (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Еквадорскиот кикбоксер, Жоел Чахуаски трагично го загубил својот живот за време на едно аматерско натпреварување и тоа откако го добил првиот удар во глава и бил нокаутиран, објавија локалните медиуми.

Иако носел заштитна кацига, Жоел добил силен удар во главата од противникот и откако паднал, многу брзо после тоа починал на лице место. Тоа што е најшокантно е што на натпреварувањето немало ниту еден лекар, а локалните медиуми посочиле дека без оглед што брзата помош експресно се појавила и се обидела да му укаже итна помош на несреќниот кикбоксер, тој го загубил животот.