
Светскиот шампион во кикбокс, Бобан Илиевски на прием во АМС
Претседателот на АМС, Наумче Мојсовски ги прими Илиоски и неговиот тренер и претседател на федерацијата, Дејан Митровски - Урко.
„Нѐ направи горди и беше вистински пример за македонскиот борбен карактер, упорност, спортски инает“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Претседателот на кикбокс федерацијата, Дејан Митровски - Урко најави дека следен чекор е кандидатура за Македонија да биде домаќин на едно големо натпреварување.
Бобан Илиоски на денешниот прием истакна дека верувал во успех од самиот почеток и дека жртвувал многу задоволства и со упорна и напорна работа стигнал до овој резултат.
Следната негова активност ќе биде тренинг камп во Холандија за кој вели дека е еден од најтешките спаринг тренинг кампови, но само така се стигнува до успехот.