Се откриваат повеќе детали за УФЦ настанот пред „Белата Куќа“

На 14 јуни во Вашингтон пред Белата Куќа ќе се одржи УФЦ настан кој ќе има шест борби, а можно е и седма, до крајот на неделата ќе излезе конечниот список.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт потврди дека настанот сигурно ќе се одржи, кажа дека го има списокот на борби кој викендов ќе биде објавен.

„Во моментов сум во просторијата каде што ги закажуваме борбите и целиот состав е пред мене на таблата. Ги разгледувам сите шест борби што потврдивме дека ќе се одржат. Можно е да додадеме и седма“, рече Вајт во интервју за Пирс Морган. Тој нагласи дека официјалното објавување на настанот ќе следи овој викенд за време на емитувањето на УФЦ 326 во Лас Вегас.

Настанот се вика „УФЦ Бела Куќа“, ќе се одржи на 14 јуни на јужниот тревник на Белата Куќа во Вашингтон. Тоа ќе биде првиот професионален спортски настан кој некогаш се одржал на таа локација.

Настанот е дел од прослата на 250-годишнината од постоењето на САД или потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година. Свеченото мерење на борците е планирано кај споменикот на Линколн.

Од безбедносни причини, на тревникот на Белата куќа се очекуваат помеѓу 3.000 и 5.000 гости, а голем број седишта се резервирани за припадници на американската војска. За пошироката јавност, настанот е планиран да се следи на големи екрани во блискиот Елипс, каде што би можеле да се соберат до 80.000 луѓе.