Познат рапер му понуди два милиони долари на Нурмагомедов (ФОТО)

Уште не се заборава пресметката помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мегрегор од УФЦ 229 во Лас Вегас.

Да потсетиме, по борбата Хабиб ја прескокна оградата за да се пресмета со тимот на Мекгрегор, а членовите на екипата на Нурмагомедов го нападнаа Мекгрегор, по што УФЦ ги суспендираше привремено и двајцата борци.

Нурмагомедов потоа порача дека ќе го напушти УФЦ доколку Тухугов биде суспендиран, а сега во целата мешаница се вклучи и американскиот рапер, „50 сент“.

Тој во минатото беше аматерски боскер, а едно време промовираше боксерски натпревари, па денес е амбасадор на Белатор, конкуренцијата на УФЦ.

„Мислам дека ова што му го прави УФЦ на Хабиб е погрешно. Ќе платам два милиони евра ако вечерва се бори Хабиб за мене во Белатор“, напиша американскиот рапер.

Раперот покажа дека не се шегува, па напиша во коментари дека наскоро ќе зборува со првиот човек на УФЦ, Дена Вајт.

„Подоцна ќе зборувам со Дена Вајт за твојот договор. Не е УФЦ единствена организација. Зубаир исто така е добредојден. Знам дека Хабиб е човек кој се држи до своите принципи, а непочит кон него е низок потег“, напиша раперот.