Порие побара реванш со Мекгрегор, а тој жестоко му одговори! (ФОТО)

Дастин Порие не успеа да го освои шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ минатиот викенд, откако загуби од Хабиб Нурмагомедов во третата рунда.

Сепак, Порие сака да им се врати на борбите, па побара реванш против Конор Мекгрегор, од кого загуби во 2014 година.

Мекгрегор тоа не го прифати баш најдобро, па одговори жестоко на барањето на Порие за реванш.

„Го избришав подот за 90 секунди со тебе. Треба да го изговориш моето име со почит. Мекгрегор не е следен, ку*вин сине! Мекгрегор ми е цел секогаш. Ако го каже тоа, тогаш можеби ќе има борба“, порача Мекгрегор.