Нокаутира Србин, но не се радуваше: Подобро Хајдук да победеше, а јас да загубев (ВИДЕО)

Синоќа во хрватскиот град Медулин се одржа спектакуларен ММА настан, на кој хрватскиот борец Даниел Бажант се врати на голема врата со импресивна победа над српскиот борец Урош Весиќ.

Тој го нокаутираше ривалот во втората рунда со силен лев кроше, по што со неколку дополнителни удари ја обезбеди победата. Неговата борба беше една од 11 спектакуларни пресметки што ги понуди вечерта. Бажант по борбата изјави дека не ѝ се радува на победата и дека би ја заменил за триумф на својот омилен фудбалски клуб Хајдук, кој истиот ден загуби од Динамо Загреб (1-3) на стадионот „Пољуд“.

„Подобро Хајдук да победеше, а јас да изгубев. Би го дал животот за таа титула, ама што е тука е, је*ига“, изјави Бажант.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by VOYO Hrvatska (@voyo_hr)