Навистина е луд: Конор го испрати ривалот во болница, па се гушкаше со неговата – баба (ФОТО)

Големиот камбек на Конор Мекгрегор во рингот по 15-месечна пауза е главната вест во сите светски медиуми, поради што, разбирливо, внимателно се следи секој негов чекор, меѓу кои е и фактот што по големиот триумф меѓу првите кои му честитаат на големиот успех беше – бабата на неговиот ривал, Даниел Серон.

Тој се изгушка со Џери Серон, која призна дека бил подобар и воошто не му се налути што го испрати нејзиниот внук во болница. Ривалот на Мекгрегор ја пропушти прес-конференцијата по мечот бидејќи мораше веднаш да замине на лекарски преглед, со оглед на силите на удари на Ирецот и фактот што тој уште на самиот почеток со удар со рамото му го скрши носот.

„Јас сум прв борец во УФЦ кој победил во перолесна, лесна и во велтер категорија. Се чувствувам добро и со повеќе килограми на себе и против посилни противници. Секој од будалите кои ми се можни противници ќе заврши како мојот денешен ривал“, самоуверено изјави Мекгрегор.

Еден од можните ривали, дефинитивно е Русинот Хабиб Нурмагомедов, кој успеа да го нокаутира во една од најгледаните борби на сите времиња, но и боксерската легенда Флојд Мејведер, кој веднаш го најави овој дуел користејќи ги петте минути слава на ирскиот фајтер за лична промоција.