Млада девојка почина поради повреди на глава по борба во ММА

Младата натпреварувачка со потекло од Иран, Сајда Алетаха почина по повреда на главата, која ја заработила во текот на еден аматерски меч.

Алетаха паднала на рингот во Саутемптон во саботата, па по мечот била пренесена во болница во животна опасност, а почина еден ден подоцна.

„Со жалење ги известуваме сите дека по борбата член на нашата екипа доби повреди на главата. Сеида беше наша другарка и прекрасна личност, а во спортот беше посветена – 110 проценти“, порачаа од клубот.