Мекгрегор се враќа, но не во УФЦ туку во – боксерски ринг!?

Ирскиот чаламџија Конор Мекгрегор нема борба во ултимејтфајт (УФЦ) уште од поразот од Хабиб Нурмагомедов во епската пресметка во која загуби со технички нокаут, а потоа жестока пресметка со тренерите и навивачите им донесе и сериозна суспензија.

И додека Нурмагомедов веќе се врати во октагонот и ја одбрани титулата запишувајќи ја 28-та победа во исто толку борби, Мекгрегор сè уште нема настап, ама веројатно за УФЦ ќе почека, зашто веќе испланирал да се врати на 14 декември и тоа во бокс.

Ирецот, кој прво на социјалните мрежи најави дека на 14 декември се враќа, а сега во ек се преговори за пресметка во рингот со Лук Келер во Даблин. Инаку, Келер претходно имал вербален судир со Мекгрегор и тоа на телефон, па усно закажале пресметка и сега сето тоа треба да се реализира.

Ирецот има еден боксерски меч во 2016 година, кога загуби од Флојд Мејведер, каде покажа многу боксерски вештини, но немаше шанси против американската ѕвезда. Келер има 17 победи и два порази и е сопственик на титулата според ВБО за првак на Европа.