Мекгрегор по трет пат во кариерата се пензионира (ФОТО)

Конор Мекгрегор на социјалните мрежи објави дека посвлекува од УФЦ, односно од спортот на мешани боречки вештини воопшто.

Ирецот беше шампион во две дивизии, а интересно ова е трет пат во кариерата како објавува пензија, па времето ќе покаже дали ова е негова конечна одлука.

„Здраво дечки, решив да се пензионирам од борењето. Ви благодарам на сите за прекрасните спомени. Имав одлично 'возење'. Еве фотографија од мене и мајка ми во Лас Вегас по една од моите светски титули. Одбери го домот од твоите соништа мамо и те сакам. Што и да посакаш, твое е“, напиша Мекгрегор.

Борецот прв пат се пензионираше во 2016 година, кога на социјалните мрежи напиша, „решив да се пензионирам млад“. Второто „пензионирање“ го имаше во март 2019 година, но потоа се врати во рингот во јануари годинава против Доналд Серони и победи со технички нокаут.

31-годишниот Ирец кареиерата ја завршува со скор од 22 победи и 4 порази. Тој беше светски шампион во УФЦ во две категории, перолесна и лесна.