Мекгрегор по ќотекот од Нурмагомедов: Ја загубивме борбата, ја добивме битката!

Откако до технички нокаут Ирецот Конор Мекгрегор загуби во епската битка од Хабиб Нурмагомедов во УФЦ-спектаклот, кој потоа се претвори во вистински хаос надвор од октагонот, првпат во јавноста излезе ирскиот ултимејтфајтер.

Мекгрегор преку социјалната мрежа „Инстаграм“ неколкупати објави кратки коментари по загубената битка.

„Ја загубивме борбата, ама ја добивме битката. Војната продолжува! Ќе се вратам“, напишал Мекгрегор, кој на прес-конференцијата по поразот не се појави.

Инаку, од УФЦ најавија дека Нурмагомедов може да ја загуби титулата поради дивеењето по мечот, кога го прескокна октагонот и влета да се тепа во првите редови, но упте отсега се најавува реванш на овие двајца ултимејт-фајтери.