Македонската химна ечеше среде Атина во чест на златниот Илиоски (ВИДЕО)

Откако во финалето беше подобар Ерик Ниевегловски од Полска со 2-1, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски денеска стана европски шампион со што ја одбрани круната од пред две години.

Со оглед на тоа што првенството се одржува во Атина, нашиот натпреварувач имаше чест по триумфот да слави со македонската химна пред грчките навивачи.

Пред крајот химната беше малку скратена, но тоа не го помати големото задоволство на Илиоски.