Хаос на ММА борба во Москва: Се тепаа во октагонот, па продолжија и надвор (ВИДЕО)

Борбата помеѓу Георги Караханјан и Тимур Нагибин, по која вториот борец беше дисквалификуван откако го удри противникот по крајот на битката остана во сенка поради еден инцидент.

Во моментот кога Нагибин се обиде да го напушти рингот со својата екипа, неколку навивачи се обидоа да го нападнат по што почна тепачка, која на крајот ја запре полицијата.