Досега невидена снимка од соблекувалната на Хабиб Нурмагомедов (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов славеше во четвртата рунда против Конор Мекгрегор во четвртата рунда. Ирецот се предаде откако Нурмагомедов изведе зафат за давање и ја запечати победата на УФЦ 229 во Лас Вегас. 

Секојдневно се појавуваат нови информации околу борбата, а последното нешто е објавено едно видео од соблекувалната на Хабиб. На видеото убаво се гледа како Дагестанецот се подготвува за борбата, а на крајот има интересни моменти и по борбата. Хабиб го искоментира предавањето на Мекгрегор.

„Ви реков дека е 'тапкарош', нема шанси да издржи пет рунди“, изјави Нурмагомедов, а потоа му се извинуваше на својот тренер за она што го направи по борбата.