Алексовска и Трајановски ќе ги бранат боите на Македонија на ФНЦ 34 во Скопје!

Македонската ММА федерација соопшти дека Даниела Алексовска и Марко Трајановски ќе се борат на ФНЦ 34, односно првиот настан од таков тип кој ќе се одржи во Македонија.

Настанот е закажан за сабота, 24 октомври, во спортскиот центар „Т Арена“ со почеток од 19 часот, при што Алексовска ќе се соочи против Мина Хаѕопулу од Грција, додека Трајановски ќе се соочи против Лука Лаиновиќ од Црна Гора.

Алексовска беше прогласена за најдобра млада спортистка во Македонија за 2025 година, а притоа освои бронзен медал на Светското ММА првенство кое се одржа минатата година во Тбилиси.

Трајановски, од друга страна, а првиот Македонец кој освои злато на Европско првенство во ММА, откако до историскиот успех стигна на настанот во Белград во февруари минатата година.

Билети за историскиот ФНЦ 34 настан се достапни на mktickets.mk.

Фото:Instagram/mkdmmaf