Македонските каратисти освоија злато и бронза на Медитеранските Игри

Македонските каратисти од Медитеранските Игри (МИ) од Шпанија се враќаат со три освоени медали, по одличниот настап денеска на Берат Јакупи, кој стигна до златниот медал.

Јакупи во финалето го победи Да Коста од Франција, откако средбата заврши 2-2, но Берат беше подобар бидејќи го освои првиот поен.

Нешто слично се случи и на натпреварот за бронзен медал. Во тешка борба Жарко Арсовски се пресмета со ланскиот шампион Симоне од Италија, но нашиот каратист го освои првиот поен и стигна до бронзата.

На Медитеранските игри во Тарагона, кои вчера официјално беа отворени, со бронзен медал се закити и каратистит Ненад Келебиќ.