АМС со дополнителни средства ќе го развива талентот на златниот каратист Павлов

Освоеното прво место на неодамнешниот настап на Премиер лига во карате на Емил Павлов ќе му донесе нови финансиски средства од Агенцијата за млади и спорт (АМС), чиј износ дополнително ќе биде одреден.

Ова денеска го вети директорот Дарко Каевски на средбата со Павлов, кој лани стана европски шампион, поради што беше избран за спортист на 2018 година во Македонија. АМС со својата поддршка се надева на уште поголеми успеси на талентираниот каратист, кој брка норма за настап на Олимписките игри в година во Токио, на кои овој спорт ќе го има своето деби во олимпиското семејство.