ИСТОРИЈА: Нуров со голем пресврт до прво злато за Македонија!

Македонскиот борец Магомегаџи Нуров славеше против Турчинот Фејзулах Актурк со 4-3 во категоријата до 97 килограми слободен стил и го освои златниот медал на Медитеранските игри во Алжир.

Актурк имаше водство од 3-0, но Нуров се врати и успеа најпрво да намали на 2-3, а последниот удар го имаше во последните секунди, кога освои дополнителни два бода за златен медал.

Ова е втор медал на Медитеранските игри за Македонија, откако претходно Владимир Егоров во репасажот во категоријата до 69 килограми стигна до бронзата.