Уште една голема боксерска легенда сака меч со Мајк Тајсон

Ленокс Луис се бореше против Мајк Тајсон пред речиси 20 години, а сега тие повторно би можеле да се соочат, но само ако има голем интерес од јавноста.

Поранешниот боксер откри дека размислува за враќање во рингот и борба против Тајсон.

„Ако јавноста го сака тоа, тогаш може да разговараме за таков спектакл“, кажа Луис.

Поради овие негови зборови љубителите на боксот се надеваат дека во иднина ќе може да сведочиме на нов спектакл, а ова ќе му биде уште една борба на Тајсон, кој во ноември се бореше против Рој Џонс Јуниор, а бокс-мечот заврши нерешено.