Скандал: Фјури „мртов пијан“ едвај се движеше, па нападна таксист (ВИДЕО)

Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури, кој е познат по инциденти надвор од боксерскиот ринг, направи голем скандал.

Фјури очигледно премногу се опуштил на одмор, па се опијанил и едвај се движеше со помош на уште неколку лица кои сакаа да го качат во такси.

Пријателите се обидоа да го убедат таксистот да го прим Фјури, но тој одби и тргна да си оди, кога боксерот се обиде да удри по неговото возило.