Познато колку заработија Фјури и Усик од борбата во Саудиска Арабија

По големиот спектакл и борбата за шампион во тешка категорија во три од четирите најважни категории, Тајсон Фјури и Олександар Усик поделија богата награда.

Усик во борбата покажа дека во овој момент нема конкуренција во тешка категорија и го победи Фјури со едногласна одлука на судиите, иако Британецот и неговите навивачи порачуваа дека тие очекувале да победат и дека системот на бодување не бил баш јасен.

Вкупниот награден фонд за борбата изнесуваше нешто повеќе од 180 милиони евра. Од нив приближно 108 доби Усик, додека поразениот Фјури си замина дома со 72 милиони евра.

Сепак, поради данокот во Велика Британија Фјури ќе остане без речиси половина од своите пари. Британецот треба да плати 47% од сумата на даночната служба бидејќи се работи за заработка во странство.