Поранешен светски првак во бокс се враќа во рингот!

Британскиот боксер и поранешен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа објави дека се враќа во рингот на 1 април.

Џошуа ќе се бори против Американецот Џермејн Френклин во Лондон и сака да ја прекине серијата од два порази по ред од Украинецот Александар Усик.

Бившиот шампион долго преговараше со Тајсон Фјури за организирање на борба, но досега не падна договор.