„Подгответе камион полн со пари и ставете ги на моја сметка!“

Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури планира да го потпише најголемиот договор во историјата.

На него му завршува актуелниот договор со компанијата „Топ Ранк“, кој вреди 80 милиони фунти, а по следните две борби, Фјури сака уште поголем договор.

„Сакам да го продолжам договорот, а не да го одработам и да заминам. Подгответе ми камион полн пари и ставете го на моја сметка. Сакам нов договор за да го урнам рекордот. Знам дека мојот договор може да биде поголем од тој на Мејведер“, кажа Фјури.