
Непоразен боксерски шампион ќе се врати во рингот по осум години поради - Ентони Џошуа!?
Во популарна емисија, Ворд покажа подготвеност да ја прекине пензијата по осум години само за да се бори против Џошуа.
„Смешно е, но веќе размислував за борба против Џошуа, а тој пред неколку недели повторно ми ја разбуди таа идеја во главата. Разговаравме и мислам дека ќе се вратам за да се бориме“, вели Ворд.
Ворд има 41 година, а ја заврши кариерата со 32 победи, од кои дури 16 беа нокаути и притоа немаше ниту еден пораз.