Најголемата англиска боксерска надеж убиена во класична мафијашка ликвидација

Англискиот боксер Том Бел (21), кој важел за една од најдолемите надежи на британскиот бокс починал синоќа во болница, откако бил ранет во престрелката во семејниот паб во Донкастер.

Бел бил смртно ранет од непознати напаѓачи, кои со автомобил преку стаклото го погодиле боксерот, додека тој седел со пријатели во пабот.

„Ликвидацијата е со мафијашки предзнак“, објави „Дејли Мејл“.

Полицијата започна истрага за атентатот, а веќе го нашле запалено БМВ-то со кое напаѓачите ја извршиле ликвидацијата. Автомобилот бил пронајден неколку километри од местото на убиството.

Полицијата се сомнева дека Бел освен што бил боксерска надеж, бил вплеткан во бизниси со подземјето. Во кариерата имал шест победи во перолесна категорија, а кариерата ја почна во 2015 година и последниот меч го имаше во 2017.