„Мајк Тајсон би можел да умре во рингот, не го терајте на борба со Фјури“

Се почесто се зборува за враќање на легендарниот, но денес доста стар, Мајка Тајсон во рингот. Се споменува дури и името на ривалот, а тоа може да биде Тајсон Фјури, кој е 20 години помлад... Сепак, има такви кои се спротивставуваат на оваа идеја затоа што некој би можел да настрада.

Британскиот боксер Дилајн Вајт не ја одобрува оваа идеја и моли боксот повеќе да не се насочува кон црните, тешки приказни.

Тоа е глупо нешто. Мајк Тајсон би можел да умре во рингот. Се зборува за дуел помеѓу 31-годишник и 53-годишник, а според мене тоа е нешто што нема смисла и не треба да се охрабрува на таа тема. На таа возраст, умот ви кажува една работа, а телото друга. Вие сте легенда, жива легенда и оставете така да остане, изјави британскиот боксер за „Ток Спорт“.