Љама го освои јубилејниот 50-ти „Златен гонг“

Јасир Љама го освои „Златниот гонг“ на јубилејното 50-то издание на боксерскиот турнир.  

Љама во финалето во категоријата до 60 килограми со технички нокаут во втората рунда го победи Норберт Ваш од Романија. По овој триумф тој го добри и „Златниот гонг“, кој традиционално му се доделува на најдобриот боксер на турнирот.

Останатите двајца македонски боксери кои денеска се бореа во финалето, доживеаа пораз. Алим Насуфи во категоријата до 64 килограми во финалето од Косовецот Шпетин Бајоку со едногласна одлука на судиите.

Арсин Етеми пак загуби од Албан Беќири од Албанија во категоријата до 75 килограми, но исто како и Насуфи загуби со едногласна одлука на судиите.