Крадеше автомобили, заврши во затвор, а потоа го откри боксот и стана милионер!

Познатиот боксер Марио Дасер бил застрелан два пати во ресторан во Белград, заедно со неговиот пријател, по што полицијата распиша потерница по двајца напаѓачи кои го предизвикале инцидентот.

Германските медиуми во едно интервју пред неколку години го опишаа како извонреден талент, но имал и лошо минато пред да почне со боксот.

„Дасер е извонреден талент, меѓутоа не беше секогаш така. Како тинејџер, крадел автомобили и завршил во затвор. Потоа го открил боксот и ја вратил својата желба за успех. На 19 години станал професионалец, а потоа и милионер. Денес се занимава со недвижнини“, пишува „Виршафт ТВ“.

Дасер е роден на 14 ноември 1988 година, а исто така го освои европскиот ВБО појас во 2017 година. Во кариерата од 2009 до 2017 година имаше 13 борби и оствари исто толку триумфи.