Фјури и Вилдер ќе имаат римеч на фудбалскиот храм - Олд Трафорд?!

Откако нивната борба во Лос Анџелес изминатиот викенд заврши без победник, Тајсон Фјури и Донтеј Вилдер преговараат за римеч и тоа веќе во следната година на фудбалскиот храм во Манчестер – Олд Трафорд.

Домот на Манчестер јунајтед не бил домаќин на бокс меч веќе две ипол децении, а последната борба била во 1993 година, па сега Фјури сака да се бори на „Театарот на соништата“, иако неговиот промотор наводно преговара за борба на „Вембли“ во Лондон или на „Емирати“ во англиската престолнина, домот на Арсенал.

„Тој (Франк Ворен – н.з.) ми вели одиме кај Арсенал, ама јас го одбив. Му велам за мене само на – Олд Трафорд. Јас се надевам дека може да договориме таква борба за на лето“, вели Фјури, кој синоќа го гледаше дербито на „црвените ѓаволи“ со Арсенал во Премиерлигата, кој заврши без победник 2-2.